Поранешен борец од Вагнер по грешка бил прогласен за мртов

Фото Телеграм

Борец на Вагнер, кој по грешка бил прогласен за убиен во воена акција додека се борел во Украина, го посети својот гроб во Русија.

Четириесетичетири годишниот Сергеј К., бил регрутиран во редовите на платеници и испратен на првата линија во Украина во април, пишува МК.ру.

Неговото семејство било известено дека загинал на фронтот во Луганск, па дури добиле и паричен надомест за неговата смрт. Запечатениот ковчег бил донесен дома, а неговото семејство добило потврда за смртта. Семејството го погребало и тагувало, а потоа се испоставило дека тој е само ранет.

Адвокатот на Сергеј, Андреј Кибирев тврди дека борецот на Вагнер не контактирал со своите роднини додека бил во болница, објаснувајќи дека не сакал да ги вознемирува. Во јули и се јавил на една од неговите сестри, која била шокирана кога дознала дека нејзиниот брат е се уште жив, рече Кибирев. Адвокатот рече дека Сергеј се обидува да ја „види светлата страна“ на ситуацијата.

„Неодамна го посети неговиот гроб, вели не очекувал толку добро да биде погребан“, додаде Кибирев.

Вагнер регрутирал десетици илјади поранешни затвореници, дури и кога го предводел покојниот шеф Евгениј Пригожин. Тој одигра важна улога во регрутирањето борци за руските операции во Украина, нудејќи им на машките затвореници намалени казни и парични стимулации во замена за шест месеци воена служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот