Поради труење со Новичок, Бугарија бара екстрадиција на тројца руски оперативци

Фото МИА

Бугарското обвинителство бара од Русија да испорача тројца офицери на руската воена контраразузнавачка служба (ГРУ) обвинети во Бугарија за труењето со Новичок на најпознатиот бугарски производител и дилер на оружје Емилијан Гебрев, неговиот син Хрис Гебрев и директорката на производство во компанијата Емка Валентина Тахчијева.

Барањето е поднесено од градското обвинителство на Софија, кое води истрага против тројца руски воени оперативци за обид за убиство.

Барањето на Бугарија е само протокол, со оглед на тоа што Уставот на Русија забранува екстрадиција на руски државјани, без оглед на стореното кривичното дело во странство.

Бугарија бара екстрадиција на Сергеј Федотов, Георги Горшков и Сергеј Павлов, оперативци на ГРУ. Федотов е на списокот осомничени и за труењето со Новичок на двојниот агент Сергеј Скрипал во англискиот град Солсбери во 2018 година.

Обвинителството тврди дека труењето на тројцата Бугари било извршено бидејќи рачките на вратите од автомобилот на Емилијан Гебрев биле контаминирани со Новичок.

Во исто време, обвинети сè уште шест руски разузнавачи за четири експлозии во бугарски воени магацини во изминатите 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот