Виршла-Фото: Wikimedia Commons

Поради предвремено расипување се повлекуваат виршли од хрватскиот пазар

Државниот инспекторат на Хрватска ги извести потрошувачите дека се повлекува еден вид виршли, поради можноста за порано расипување на производот. Производот не е во согласност со Регулативата 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната, објави Пословни дневник.

Од хипермеркетот „Милер“ најавија и повлекување на производот: „Ве молиме проверете дали го имате наведениот производ и веднаш престанете да го користите! Враќањето на производите е можно во која било филијала на „Милер“. Уплатената сума ќе ви биде вратена и без приложување на соодветната фактура“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот