Поради празниците вработиле 250.000 луѓе – Американска компанија има вкупно 750.000 вработени, празниците им се ударен термин

канцеларија
Работен простор / Фото: Архива на Слободен печат

Американската компанија Амазон соопштила дека во целиот свет вработила повеќе од 250.000 луѓе со полно или скратено работно време, во текот на сезоната на новогодишните празници.

Оваа компанија има вкупно 750.000 вработени ширум светот, пренесуваат агенциите.

Гигантот на онлајн трговија информира дека веќе оствариле рекордна продажба од неколку десетици милиони производи.

Во САД, Амазон имаат 15 дистрибутивни центри, во кои има вработено 90.000 луѓе, соработници на поврзаната компанија Амазон Логистик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот