Фото: Фејсбук

Поради обнова на мрежата за струја, најавени градежни активности на неколку улици во Соње

Градоначалникот на Општина Сопиште Јане Мицевски информираше дека пред два дена започнале градежни активности на неколку улици во Горно и Долно Соње, каде се поставуваат нови кабли како дел од модернизирањето на електродистрибутивната мрежа.

„Почитувани, во партнерство со ЕВН Македонија, од денес започнуваме со земјеноградежни активности како дел од инвестиционен проект за каблирање и модернизација на електродистрибутивната мрежа.Со реализацијата на проектот ќе се подобрат напонските услови и ќе се зголеми стабилноста и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија за сите домаќинства и компании“, соопшти градоначалникот.

Градежните работи ќе се одвиваат на продолжението од улицата „8“ во Долно Соње и улиците „12“ и „1“ во Горно Соње

Мицевски апелираше до жителите да имаат разбирање и трпение додека траат активностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот