Поради навивачите и Обрадовиќ, Пантер одбил понуда и од НБА

Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Кевин Пантер можеби изненади многумина со одлуката да остане во Партизан, а со тоа предизвика воодушевување кај навивачите на црно-белите.

Во јавноста беше позната понудата од Барселона, меѓутоа Пантер одбил и понуди од НБА за да остане во тимот на Жељко Обрадовиќ. Пантер откри дека НБА тимот кој го презема Србинот, Дарко Рајаковиќ, Торонто испратил понуда.

„Понудите од НБА не се секогаш сериозни, но луѓето од Торонто ме убедуваа дека сакаат да ме доведат, но по долго размислување одлучив дека за мене најдобро е да останам во Белград и да играм пред најдобрите навивачи во светот и за тренер како што е Обрадовиќ. Некои работи едноставно немаат цена“, изјави Пантер.

Ќе потсетиме, од Партизан во НБА се пресели Данте Егзум кој ја прифати понудата од Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот