Поради избраната песна на Белорусија и се заканува дисквалификација од Евровизија

EPA
Фото: EPA-EFE/SANDER KONING

Унијата на европските радиотелевизии (ЕБУ) во четвртокот ја одби белоруската песна за Евровизија и најави дека ќе ја дисквалификува доколку не ја измени или не предложи нова.

Песната на бендот кој претходно објавуваше песни во кои ги навредува протестите против претседателот Александар Лукашенко, предизвика бес кај опозициските политичари и апели на неколку членови од Европскиот парламент Белорусија да се исфрли од популарното натпреварување.

„Заклучивме дека песната го доведува во прашање неполитичкиот карактер на Евровизија“, соопшти ЕБУ. „Покрај тоа, реакциите кои ги предизвика и се закануваат на репутацијата на Евровизија“.

Песната на групата „Galasy ZMesta“ содржи збор како „ќе ве научам на ред“ и на службениот јутјуб-канал доби 5800 лајкови и 40.000 дислајкови, од повеќе од половина милион прегледи.

Доколку таа биде изведена, критичарите велат дека би ја легитизимизирала насилната пресметка на Лукашенко против народот кој излезе на улиците по спорните претседателски избори во август минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот