Поплавени куќи, подруми и гаражи во повеќе региони низ Македонија – евакуирани сто луѓе во Кичево
Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави и излевање на реки во повеќе региони низ земјата, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Препорачано
Во Тетовскиот и Гостиварскиот регион, локалниот пат Форино – Тумчевиште е тешко прооден, а Лакавичка и Сушечка река се излеаја во селата Мало Турчане и Горна Бањица.
– Во Охрид, поплавени се подруми, гаражи и дворови, а реката Далјан се излеа од коритото на повеќе места. Во Кичево, на улицата „Прилепска“ се поплавени повеќе куќи, при што околу 100 луѓе беа евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Евакуираните добија храна, вода, кревети и ќебиња. Излевања се регистрирани и на реките Зајашка и Треска – се вели во соопштението од ЦУК.
Во Битола и Преспанскиот регион, поплавени се куќи и дворни места, а Кризниот штаб на Општина Битола одржа состанок, со цел утврдување приоритети и координација на активностите на терен.
Евакуирани се 60 луѓе во Кичево, реки се излеваат во селата, поплавени се фарми
УХМР издаде жолто ниво за предупредување од поплави, со потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците.



