Понижување за Пелистер, пораз од дури 23 голови разлика

фото: pfadi-winterthur.ch

Ракометарите на Пелистер доживеаја вистинско понижување на гостувањето кај швајцарскиот Винтертур во рамките на ЕХФ Купот, откако загубија со 23 голови разлика (39:16).

Битолчани беа очајни во првото полувреме во кое за 30 минути игра дадоа само пет голови, додека Винтертур постигна дури 22 поени, со што е јасно дека европскиот излет ќе трае само едно коло.

Домашните ракометари одлучија малку да го намалат темпотот и до второто полувреме ја одржуваа предноста.  Најефикасен во редовите на Пелистер беше Дарио Петровски со шест постигнати голови.

Реваншот се играта идниот викенд во Битола, но тој ќе претставува формалност. За разлика од Пелистер, екипата на Бутел во првиот натпревар против Запорожје, вчера славеше со 18:14. Екипата на Металург своите настапи во ЕХФ Купот ги започнува директно од третото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот