Помпео: Санкциите против Иран мора да останат

Фото: EPA-EFE/MENAHEM KAHANA / POOL

Кампањата за „максимален притисок” што САД ја водат против режимот во Иран продолжува да биде исклучително ефективна, иранската економија е зафатена со девалвација на националната валута, јавниот долг се зголемува, инфлацијата расте, па затоа не е пожелно укинување на санкциите, соопшти денеска државниот секретар Мајк Помпео

Ефектите од санкции за иранската нафта се видливи.

– Од мај во 2018 година, режимот загуби 70 милијарди долари профит од нафта и продолжуваме да го лишуваме од најмалку 50 милјарди долари на годишно ниво, истакна Помпео

Од Стејт департментот во денешното соопштение укажуваат дека санкциите го лишуваат режимот од финансирање на своите злонамерни активности. Како директен резултат на ова, Иран го намалил својот воен буџет за 25 отсто

– Санкциите се дел од притисокот да се создаде нов Блиски Исток и заедништво на земјите кои страдаат од иранското насилство и бараат помирен и постабилен регион, се наведува во дописот на Стејт департментот.  

Помпео потсетува дека намалување на притисокот врз режимот ќе биде опасен избор, ќе ги намали партнерставата за мир во регионот, а ќе ја засили Иранската Република. Тој се наврати на поблиското минато, кога токму укинувањето на санкциите предизвикало Иран да започне со финансирање на тероризмот и да го зголеми трошењето за одбрана.

– Од укинувањето на санкциите ќе имаат корист само групите поврзани со режимот и партнерите. Иранскиот народ нема да има корист и, наместо тоа, се зголеми финансирањето на војската и на Басиџ (огранок на Корпусот на исламската револуција), клучна алатка во репресиите врз сопствениот народ, истакна американскиот државен секретар.

Укинувањетона санкциите ќе донесе многу кеш за режимот за скромно намалување на нуклеарното вооружување, смета Помпео.  

Државниот секретар моментално е на европско-блискоисточна турнеја, синоќа беше во Тбилиси, Грузија, а денеска е во посета на Израел, каде се сретна со министерот за надворешни на Бахреин и домаќинот Бенјамин Нетанјаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот