Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Помпео побара сериозни чекори за зголемување на притисокот врз Иран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ја повика меѓународната заедница да преземе „сериозни чекори за зголемување на притисокот врз Иран”, откако Техеран продолжи со збогатување ураниум во нуклеарна постројка Фордо.

Шефот на американската дипломатија вели дека „нуклеарните ескалации на Иран” се насочени да извршат изнуда од меѓународната заедница и оти САД „никогаш нема да дозволат тоа да се случи”.

„Проширувањето на иранските активности предизвикува загриженост дека Техеран е во позиција да има опција за брз нуклеарен пробив”, се посочува во писмената изјава на американскиот државен секретар Мајк Помпео. САД, веќе подолг период го обвинуваат Иран дека се обидува да создаде услови за брз развој на нуклеарно оружје.

– Сега е време сите нации да ја отфрлат нуклеарната уцена на режимот и да преземат сериозни чекори за зголемување на притисокот, додаде Помпео.

Во Фордо од вчера почна вбризгување на ураниумски гас во центрифугите. Тоа е четврти чекор на Техеран за намалување на почитувањето на обврските од нуклеарниот договор потпишан со светските сили во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот