Помалку сол во исхраната на Американците би значел поздрав живот

внес на калории и соли
Внес на калории и соли/ Stephen French / Alamy / Alamy / Profimedia

Американската администрација за храна и лекови соопшти дека ќе работи на намалување на натриумот во преработената и готова храна. 

 

„Целта е да се намали просечниот внес на натриум, од 3.400 милиграми на 3.000 дневно, во наредните две до три години“ – велат од администрацијата.

Американското здружение за заштита на срцето има препорака – не повеќе од 2.300 милиграми дневно, но препорачува идеална граница од 1.500 милиграми во текот на денот, пишуваат од CNN.

Во 2016, агенцијата за храна објави нацрт насока во која се предложуваат овие намалувања, со цел да се намали внесот на натриум на пошироката популација и да се превенира од заболувања.

„Во иднина планираме да објавиме ревидирани цели за постепено намалување на солта во храната, како би помогнале во остварување на целта. Имајќи предвид колку многу се конзумира солта во исхраната, и намалувањето за 1.000 милиграми дневно, може значително да го подобри крвниот притисок и здравјето на срцето“ – велат од Здружението за срце.

Во соопштението се вели дека со оваа постапка ќе се намали ризикот од хипертензија, срцеви заболувања, мозочни и срцеви удари во наредните децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот