Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори

Матеуш Моравјецки, премиер на Полска/Фото: EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE POLAND OUT

Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори во рамки на нуклеарно-енергетската програма енергија, објави доцна синоќа полскиот премиер Матеуш Моравјецки, јави Анадолија.

Полската новинска агенција ПАП објави дека Моравјецки изјавил дека полската нуклеарна програма е поттикната од желбата да се обезбеди енергетска безбедност.

Во петокот Моравјецки на Твитер потврди дека е постигнат договор со Соединетите Американски Држави и компанијата Вестингхаус за изградба на првата нуклеарна централа.

„Нуклеарните централи ќе ни помогнат да бидеме независни од каприците на пазарот, трговците со енергија и временските услови”, рече полскиот премиер.

Тој потврди дека инвестирањето во нуклеарна енергија „не значи дека Полска нема да развива обновливи извори на енергија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот