Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Полска нема да се приклучи на Одборот за мир на Трамп

Полска нема да се приклучи на Одборот за мир предводен од САД под сегашните околности, но ќе продолжи да ја анализира можноста, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск.

„Земајќи ги предвид одредените национални сомнежи во врска со формата на комитетот, под овие околности Полска нема да се приклучи на работата на Одборот за мир, но ние ќе го анализираме“, рече Туск на состанокот на кабинетот.

Како што претходно беше најавено, американскиот претседател Доналд Трамп ќе го свика инаугуративниот состанок на новиот Одбор за мир во Вашингтон подоцна овој месец, со главен фокус на собирање средства за обнова на Газа.

На состанокот, закажан за 19 февруари, ќе присуствуваат светски лидери кои ја прифатија поканата на Трамп да се приклучат на одборот, како и членови на извршниот комитет кој ќе го надгледува управувањето, безбедноста и реконструкцијата на Газа, јави Асошиејтед прес, пренесува ТВП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот