EPA-EFE/Maciej Kulczynski

Полска ќе им забрани на хомосексуалците да посвојуваат деца дури и ако се самци

На лицата во Полска кои живеат во истополови заедници ќе им биде забрането посвојување на деца, според предлогот од владеачката националистичка партија чија антигеј политика е важен дел од политичката платформа.

Полска веќе им забрани на истополовите двојки заедно да посвојуваат деца. Но, некои семејства тоа го заобиколуваат така што еден од партнерите посвојуваше деца како самец. Тоа сега строго е забрането.

„Подготвуваме измена според која луѓето кои живеат со лице од истиот пол нема да можат да посвојат дете“, рече заменикот министер за правосудство Михал Војчик.

Агенциите кои ги проверуваат посвоителите ќе мора да посветат „посебно внимание“ за да проверат дали лицето кое сака да посвои дете е во хомосексуална заедница“, додаде тој.

Полскиот удар на геј правата, кој го следи и Унгарија, ги доведе Варшава и Будимпешта во судир со ЕУ која двете поранешни комунистички држави ги критикува и поради кршењето на независноста на правосудството, противмигрантската политика и други прашања.

Во последните две години повеќе од стотина градови и места во Полска се прогласија за „ЛГБТ – ослободени зони“. ЕУ одговори со закана дека ќе им ги скрати средствата од европските фондови, а владата се понуди тоа да им го надомести.

Европскиот парламент во четвртокот требаше да изгласа резолуција со која цела цела ЕУ би се прогласила за „ЛГБТ слободна зона“. Во резолуцијата пишува дека „ЛГБТ правата се човекови права“.

Владејачката полска партија Право и правда (ПиС) смета дека геј правата се закана за римокатоличкиот начин на живот во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот