Полицијата ќе ги казни „играорците“ од Гевгелија (ВИДЕО)

Во процесот е вклучено и Јавното обвинителство. МВР постапува во врска со овој случај и во координација со јавното обвинителство ќе бидат санкционирани сите кои ја прекршиле забраната за движење.

Полицијата ќе ги казни лицата кои вчера за време на полициски час се снимаа како вртат оро на улица во Гевгелија, во време на забрана за движење и групирање која трае до вторник до 5 часот изутрина.

Во процесот е вклучено и Јавното обвинителство. МВР постапува во врска со овој случај и во координација со јавното обвинителство ќе бидат санкционирани сите кои ја прекршиле забраната за движење. Се преземаат соодветни мерки и активности и сите кои ги кршат законите ќе бидат соодветно санкционирани, велат од МВР за „Слободен печат“.

Загрижени граѓани на Гевгелија до редакцијата на Слободен печат синоќа испратија видео материјал на кој се гледа како снимката од орото била емитувана во живо на Фејсбук страница.

По бројните реакции дека на тој начин се доведува во прашање здравјето на граѓаните во време на пандемија, снимката била избришана.

Во видео материјалот, снимателот се фали дека полицијата нема да дојде да ги санкционира играорците, зашто од тоа нема да има фајде.

Погледнете ја атмосферата вчера во Гевгелија:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот