Полицијата го испразни Градскиот парк (ФОТО)

Автомобилите на полицијата уште кружат и ги бркаат граѓаните и во моментов паркот е речиси празен, со исклучок на неколкумина кои се затекнати и се обидуваат да си заминат.

Пет полициски патроли од 14.30 часот, кружат со ротационен сигнал и ги бркаат луѓето од Градскиот Парк. На прашање на новинар на „Слбооден печат“ кој случајно се затекна таму, му беше дрско одговорено дека има наредба за забрана за влез во Градскиот парк и дека наводно, таа забрана веќе важела две недели.

Автомобилите на полицијата уште кружат и ги бркаат граѓаните и во моментов паркот е речиси празен, со исклучок на неколкумина кои се затекнати и се обидуваат да си заминат. „Слободен печат“ се обидува во МВР да дознае дали навистина ваква забрана постои, од кога постои и зошто ја нема објавено во јавноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот