Полицијата ги чешла трансферите на Андерлехт

Стадионот на Андерлехт „Констант Ван ден Шток“ денеска беше под полициска опсада, околу 30-тина полицајци ненајавено влегоа во просториите на бриселскиот тим, и во  Белгиската фудбалска федерација.

Полицијата ги истражува евентуалните малверзации околу трансферите на фудбалерите на Андерлехт во последните неколку години. На удар се менаџерите на фудбалерите но и дел од раководните луѓе во Андерлехт, кои се сомничат за перење на пари.

-Имаме неколку прашања за менаџерите кои ги правеа трансферите на фудбалерите. Во прашање е перење на пари – изјави портпаролот на полицијата во Брисел.

Според белгиските медиуми, еден од главните осомничени е познатиот израелски менаџер Пини Захави и се прегледува продажбата на неколку негови фудбалери. На полицијата и е сомнителен трансферот на Александар Митровиќ кој за 18.5 милиони евра од Андерлехт се пресели во Њукасл. Медиумите наведуваат дека оваа истрага не е поврзана со акцијата „Чиста рака“ која минатата година беше спроведена во Белгија и беа уапсени неколку менаџери од соседството.

– Денеска беше извршен претрес во центарот за обука Нерпеде на нашиот стадион. Андерлехт во целата истрага ќе соработува со полицијата – стоеше во краткото соопштение издадено од клубот.

Вкупно пет претреси се извршени денеска, три на стадионот на Андерлехт, додека две во просториите на Белгиската фудбалска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот