Полициска акција на универзитетскиот кампус во Атина, тројца уапсени

Фото Грчка полиција

Палки, празни пивски шишиња што се користат за молотови коктели, шок бомби, солзавец, меѓу другото, пронашла грчката полиција во универзитетскиот кампус во Атина за време на денешната акција и биле приведени три лица.

Во текот на ноќта во неделата и во четвртокот во атинската населба Зографу, во непосредна близина на кампусот беа запалени паркирани возила, но имаше и инциденти меѓу непознати лица и полицијата, а постоеја сомнежи дека сторителите излегле токму од студентските домови.

Акцијата на полицијата, со цел сузбивање на криминалот и деликвенцијата, беше спроведена во раните утрински часови во внатрешноста на кампусот каде што беа уапсени двајца грчки и еден странски државјанин.

При проверката на студентските домови, како што соопштија од полицијата, биле пронајдени и одземени: 27 празни пивски шишиња, 11 палки, четири шок бомби, два солзавци, пет шлемови, гас маска, маски за лице од типот „full face“, лаптоп, камера, запалено грчко знаме, ракавици, како и голем број рачно напишани белешки со анархистичка содржина.

-Специјалните оперативни акции на грчката полиција ќе продолжат со несмален интензитет со цел зајакнување на чувството на безбедност кај граѓаните, соопштија од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот