Фото: скриншот

Полицијата воочи 10 прекршувања на изборниот молк: Во Шутка сликале кочан со гласачки ливчиња

Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк до отворање на избирачките места, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Во текот на 1 ноември 2025 година до 7 часот на 2 ноември 2025 година, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани,“ се наведува во соопштението на МВР.

Стотици луѓе скандираат и агитираат за кандидат за градоначалник: Во Шуто Оризари нема изборен молк?!

Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови.

„Во врска со гласањето, на 1 ноември 2025 година е регистриран настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште ’26 Јули’ во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ се вели во соопштението.

Агитираат во изборен молк: Иселеници од Швајцарија доаѓаат да гласаат во Струга

На сите подрачја гласањето на болни и на изнемоштени лица и затвореници, се додава, помина без нарушување на гласањето.

ВО ЖИВО | Локални избори во Македонија — втор круг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот