Фото: скриншот

Стотици луѓе скандираат и агитираат за кандидат за градоначалник: Во Шуто Оризари нема изборен молк?!

Во скопската населба Шуто Оризари вечерва, во време на изборен молк, еден од кандидатите за градоначалник во вториот круг придружуван со 200 до 300 партиски активисти се движат низ населбата и го скандираат името на кандидатот, објави А1он.

Тие откако имаа состанок во партискиот штаб излегоа вечерва по улиците на Шуто Оризари извикувајќи го името на кандидатот.

Жители на Шуто Оризари за А1он тврдат дека ниту една од канцелариите како таа на Народниот правобанител или ОБСЕ не функционира за да го пријават прекршувањето на молкот.

Од Шуто Оризари за А1он наведуваат дека се вршел поткуп со 3000 до 4000 денари во текот на вчерашниот и на денешниот ден, како и дека има појава на одземање на личните карти.

фото: А1он

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот