Полицијата приведе затвореник кој денеска избегал од Затворот Скопје

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Полицијата денеска на улица „Маџари“, го уапси Џ.Д.(24), само два часа откатко била распишана потерница за бегство од Затворот Скопје.

Денеска во 14:20 часот на улица „Маџари“, на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје. За него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Лицето е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот