Фото: Монтажа | Слободен печат

Скандалозни документи кај братот на Мило Ѓукановиќ: Ацо чувал списоци со „предавници“ и непријатели на брат му

Во претресот на станот на братот на поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, Ацо, полицијата запленила и десетици страници документи во хартиена форма, објави „Вјести“.

Во домот на Ацо Ѓукановиќ беа пронајдени и повеќе парчиња нелегално оружје, а ова е првпат како се споменуваат и документите, кои според „Вијести“ откриваат дека Ацо чувал списоци на политички непријатели на неговиот брат, од кои дел биле во папка насловена „Предавници“.

Адвокатот на Ацо Ѓукановиќ вели дека дел од оружјето е на Мило, антикорупционерите ќе го чешлаат поранешниот црногорски претседател

Во продолжение е списокот на документи наведени во потврдата:

– Прирачник за работа на социјалните мрежи со апликација во бела боја, „ДПС“ (Демократска партија на социјалистите), со нумерирани страници од 1 до 67, план за работа на социјалните мрежи, од реден број 1 до 5 означен од страна на п.с. (најверојатно кратенка за полициски службеник) со графитен молив во десниот агол;

– Листови хартија формат А4 зашиени, на кои на предната страна во горниот лев агол се наоѓа натпис со црна боја „Предавник“ на жолто поле, со вкупно 25 листови со броеви 1–25, означени од страна на п.с. со графитен молив во горниот десен агол;

– Листови хартија формат А4 зашиени, на кои на првата предна страна во горниот лев агол се наоѓа натпис „Негативна кампања“, со вкупно три листа кои од страна на п.с. се означени со графитен молив со броеви 1–3 во горниот десен агол;

– Листови хартија формат А4 зашиени, на кои се наоѓа натпис „Страници за поддршка во периодот од 1 јануари до 1 април“, вкупно 10 листови со првата страна, при што п.с. ја означил внатрешноста на страниците со броеви 1–9;

– Листови хартија формат А4 зашиени, на кои се наоѓа натпис „Официјални профили во периодот од 1 јануари до 1 април – ‘Фејсбук’ и ‘Инстаграм’,“ вкупно 19 листови со предна страна, при што п.с. ги означил внатрешните листови со броеви 1–19;

– Еден лист хартија формат А4 на кој во горниот лев агол се наоѓа натпис „месечни трошоци“, а кој п.с. со графитен молив го означил со број 1 (еден);

– Листови хартија формат А4 зашиени, вкупно три листа на кои на првата страна во горниот лев агол се наоѓа натпис „група ‘Спротивстави се“, кои п.с. со графитен молив во горниот десен агол ги означил со броеви 1–3 („Спротивстави се“ беше граѓанско движење кое организираше протести против власта на Мило Ѓукановиќ);

– Листови хартија формат А4 зашиени на кои се наоѓаат слики и текстови, а кои п.с. со графитен молив во горниот десен агол ги означил со броеви 1–28, а кои биле пронајдени во кафеава ковертa без натпис.

Ковертата со наведените документи била пронајдена во гаражниот дел – (нечитливо) заедно со друга документација.

Инаку, црногорскиот бизнисмен Ацо Ѓукановиќ е уапсен пред неколку дена по претрес на неговата семејна куќа во населбата Растоци во Никшиќ.

Тој е осомничен дека сторил кривично дело недозволено поседување и носење оружје и експлозивни материи. Ацо Ѓукановиќ неовластено чувал оружје и муниција во својата куќа во Никшиќ“, а неговиот адвокат тврди дека дел од оружјето е на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ.

ВИДЕО | Се тресе центарот на Подгорица: врие од полиција кај зградата на братот на поранешниот премиер Ѓукановиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот