Фото: Зелена народна стража / Инстаграм / скриншот

Полицијата им пиша казни на активистите кои ги блокираат камионите на „Бехтел и Енка“ во Прилепско

Протестите против изведбите на Бехтел и Енка во прилепското село Ореовец крај Плетвар добија на интензитет. Мештаните кои се спротиставуваат на ископите за градежен материјал и минирањето на коридорот, а дел од организаторите на блокадите за ТВ „24“ велат дека добиле казни од МВР.

– „Бектел и Енка“ со попициска придружба влезе во ископот, ние се собравме на барикадите, МВР ни пиша прекршочни казни за погрешно паркирање на автомобилот на коловозот и за неизвршување на наредба. Протестот е уредно најавен, а претпоставуваме дека ова е обид на МВР на ваков начин да издејствува непречена работа на ископот, рече Жарко Стевановски, адвокат и локален активист, за Телевизија 24.

Граѓаните, собрани околу иницијативата наречена „Спас за Прилеп“, тврдат дека минирањата и експлоатацијата на каменот токму од ова место ќе ги загрозат неколкуте извори на вода за пиење од кои се снабдува селото, и тоа во регион како Прилеп кој хронично има проблеми со водаснабдувањето.

Тие обвинија за „повторен напад од државата и ‘Бехтел и Енка’ врз Прилеп за отворање на нови рудници за мермер.“

ВИДЕО: Жители на Прилепско ги блокираа камионите на „Бехтел и Енка“ дојдени со бројна полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот