Полицијата го стеснува кругот: Хрват, Албанец и тројца Грци осомничени за убиството на Михалис

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Продолжува истрагата за нередите во Атина кои се случија во понеделеникот кога животот го загуби 29-годишниот Михалис Кацурис, фан на АЕК.

Во грчкиот затвор уапсени се 104 лица од кои 97 се Хрвати, но во потесниот круг за убиството на навивачот се осомничени Тројца Грци, Албанец и еден Хрват. Грчкиот портал „Newsit“ пишува дека кај Хрватот и Албанецот во текот на апсењето се пронајдени ножеви на кои имало траги од крв.

Поради тоа тие веднаш биле одвоени од остатокот од групата. Од тројцата Грци двајца се 27-годишни. Сите имаат дебело полициско досие, а еден од нив претходно учествувал во грабеж со нож. Вториот Грк полицијата го уапсила откако еден ден подоцна се фалел на друштвените мрежи дека учествувал во нападот на навивачите на АЕК.

Градоначалниците на Атина и на Загреб со заедничка порака по инцидентот: Насилството нема националност!

Градоначалниците на Атина и на Загреб со заедничка порака по инцидентот: Насилството нема националност!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот