Волк врзан за бандера во скопската населба Козле / Фото: ЗОО Скопје / Инстаграм

Полицијата го бара скопјанецот кој го чувал волкот на синџир, му се заканува казна од 20.000 евра

Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето што го чувало волкот заловен пред неколку дена во скопската населба Козле.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи на откривање на локацијата каде што животното било чувано, како и на лицето одговорно за неговото заробеништво.

Според законските прописи, чувањето диви животни без соодветна дозвола може да донесе сериозни казни, а во одредени случаи тие достигнуваат и до 20.000 евра. Законот за заштита на природата вели дека чувањето и размножувањето диви животински видови без соодветни услови и одобренија е забрането.

Случајот со волкот предизвика бурни реакции во јавноста, а институциите цел ден утврдуваа дали се работи за куче или за волк.

Скопската зоолошка градина информираше дека по проверките, експерти од ЗОО Скопје и од Агенцијата за храна и ветеринарство утврдиле дека станува збор за млад и неухранет волк, тежок околу 25 килограми.

ВИДЕО: Мечка преплива цело езеро во Грција, долго 20 километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот