Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Полицијата фати измамник со лажни сообраќајни несреќи – охриѓанец кој оперирал во Штип и во Виница

Вчера во Штип е уапсен осомничен за серија измами – охриѓанец кој ја користел познатата приказна со лажни сообраќајни несреќи за да земе пари од постари луѓе, соопшти МВР.

38-годишниот охриѓанец ги лажел луѓето по телефон дека нивни блиски се тешко повредени во сообраќајна несреќа или дека тие прегазиле дете и оти итно треба да платат за роднините да не одат во затвор.

Со овие приказни тој успеал во девет наврати да однесе скоро 60.000 евра од жртвите, велат од полиција.

„По извршен службен разговор, П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела, од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред Судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот