Покрената граѓанска тужба против браќата Тејт
Ендру Тејт (37) ќе мора да оди на суд по обвиненијата за силување што ги поднесоа четири жени од Британија. Ова е граѓанска тужба поднесена во Обединетото Кралство. Да потсетиме, инфлуенсерот и неговиот брат се во домашен притвор во Романија.
Препорачано
Тејт и неговиот брат Тристан се обвинети од четири Британки за напад и силување и бараат компензација за повредите што ги добиле како резултат на тоа, пишува Скај њуз.
Адвокатот на браќата Тејт рече дека неговите клиенти недвосмислено ги негираат и оспоруваат наводите.
Три од четирите Британки кои ги тужеа браќата Тејт беа предмет на истрага на полицијата во Хертфордшир. Истрагата беше затворена во 2019 година. Адвокатската фирма Мекју Џури енд Партнерс, која ги застапува Британките кои ја покренаа граѓанската тужба, вели дека нивните клиенти пријавиле во британската полиција дека биле силувани и физички нападнати од браќата Тејт во 2014 и 2015 година.
„По четиригодишна истрага, полицијата во Хертфордшир го упати случајот до Кралското обвинителство за одлука дали ќе се покрене обвинение. И покрај дополнителните докази, Обвинителството ги отфрли неодамнешните барања на жените да ја преиспитаат нивната одлука“, рекоа адвокатите на обвинителите.


