Појадувајте како кралицата на Шпанија: Летиција се придржува до правилата на доктор Николас Периконе

Profimedia
Фото: Profimedia

Појадокот е најважниот оброк во денот, тоа го знаеме. Но, правилно искомбинираните намирници со кои би го почнале утрото можат многу да ни помогнат во забрзувањето на метаболизмот и елиминирањето на вишокот килограми.


Токму ова „златно“ правило го знае и кралицата на Шпанија, Летиција која со години не го менува својот утрински оброк. Таа ги следи правилата на доктор Николас Периконе, и благодарение на истите има постојано витка фигура и непроменета тежина.

Диетата на Периконе се заоснова на внес на три намирници: свежа риба, зеленчук богат со железо и храна богата со протеини. Во овој режим на исхрана се практикува и пиење 3 литри вода дневно, а кралицата дел од течностите ги заменува со зелен чај.

Оваа исхрана помага во одржување на оптималната тежина, го освежува организмот и помага во слабеењето.

Појадокот на кралицата е мошне едноставен – омлет од три јајца со парче риба и интегрален тост.

За ужина јаде јаткасти плодови, обезмастен јогурт, свежо овошје, а ручекот најчесто е мала грамажа пилешко или мисиркино месо, или лосос на скара со многу зеленчук.  За вечера јаде парче сирење и обилно многу зеленчук.

Кралицата која е мајка на две ќерки, не ја менува оваа своја рутина на исхрана, дополнително затоа што докторската препорака е дека овој тип режим ги намалува воспаленијата и помага во долговечен и здрав живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот