Погба се повлекува од репрезентацијата поради претседателот Макрон?

Пол Погба во дресот на француската фудбалска репрезентација/фото: EPA-EFE/EDDY LEMAISTRE

Фудбалерот на Манчестер јунајтед донесе шокантна одлука која засега ниту е потврдена ниту е демантирана, пишува весникот „Сан“.

Неверојатна вест доаѓа од Манчестер, Пол Погба повеќе нема да игра за француската репрезентација. Фудбалерот кој пред две години тиумфира на Светското првенство одлучи да ја бојкотира репрезентацијата поради францускиот претседател Емануел Макрон.


Претседателот Макрон во изминатите неколку дена го обвини исламот дека шири екстремизам и тероризам во Феанција, откако беше убиен еден професор во училиште од исламски екстремист.
Претседателот постхумно го одликувал професорот Самуел Пати со орден на честа, откако бил убиен по враќање од училиште. Одлуката за одликување била донесена со цел да се посочи колку е важна слободата на говорот, иако настраданиот Пати објавил низа контроверзни и навредувачки слики од пророкот Мухамед.

Макрон најави одлучна борба против тероризмот, а на Погба очигледно не му се допадна тоа што францускиот претседател ги обвини и навреди муслиманите и како знак на револт одлучил да не игра повеќе за репрезентацијата.

Засега, ниту самиот фудбалер ниту фудбалската федерација на Франција ги коментираат ваквите шпекулации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот