„Поетроника за млади“ со Радмила Петровиќ, Оливер Митковски и Андреја Салпе ќе се одржи во „Паблик рум“
Уникатниот музичко-поетски перформанс „Поетроника за млади“, којшто ја претвора поезијата во живо, звучно и современо искуство, ќе биде изведен на 29 октомври, со почеток во 20 часот, во „Паблик рум“ („Јавна соба“) во Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На сцената ќе настапат актерот Оливер Митковски, музичарот Андреј Салпе и Радмила Петровиќ, најпрогресивната поетеса од Србија, која ја опишува „Поетроника“ како судир на интензивности, спој меѓу традицијата и електронската култура во време кога уметноста станува сè похибридна.
„Поетроника за млади“ е дел од поширок проект чија цел е да ги доближи младите до поезијата преку современ музички израз и културна размена. Поезијата која општо, но и меѓу младите не е толку популарна, бара време и ментален напор со фокус.
Преку „Поетроника“, тоа скапоцено вдахновение до некаде е загарантирано, бидејќи двајцата хиперталентирани перформери, заедно со гостинката од соседна Србија, имаат намера на оригинален начин да креираат продуховена еуфорија.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ.


