Почина Филип Јунг, еден од основачите на култната издавачка куќа „Гет физикал“ и пионер на клупската електронска музика
Коосновачот на издавачката куќа „Get Physical Music“ и една половина од електронското дуо M.A.N.D.Y., германскиот диџеј и продуцент Филип Јунг, починал, јавуваат медиумите. Причината за смртта засега не се соопштува. Пред да стапи на сцената како артист, Јунг во текот на 1990-тите работел на позиции во големи музички компании, каде што развивал чувство за препознавање …

