Подобро од оригиналот: Домашен сникерс

сникерс
ФОТО: Unspalsh

Овој рецепт за домашен сникерс е одлична замена за купечкиот бидејќи се прави со поздрави состојки и не бара од вас да топлите рерна на ова жешко време.

Потребни состојки:

– 100 г млеко во прав
– 160 г несолени кикирики сомелени
– 20 г цели несолени кикирики
– 120 г мед
За премачкување – 150 г темно чоколадо

Подготовка:

Млекото во прав ставете го во тава и пржете го на тивко додека порумени. Потоа префрлете го во блендер или во сечко и сомелете го. Префрлете го во еден сад. Измелените кикирики додајте ги во млекото, потоа додајте ги целите кикирики и медот. Соединете со мешање и оставете ја смесата во фрижидер да стои 20
минути. Обликувајте мали штангли чоколадо, потопете ги во растопено чоколадо и наредете ги во послужавник обложен со хартија за печење, па нека стојат во фрижидер еден час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот