Поднесено обвинение за компанијата на Трамп

epaselect epa06270049 US President Donald J. Trump and Senate Majority Leader Mitch McConnell (not pictured) speak to the media after meeting for lunch at the White House in Washington, DC, USA, 16 October 2017. President Trump answered questions about Puerto Rico, North Korea, health care, and Hillary Clinton. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Истражниот суд во Њу Јорк во средата подигна обвинение против Организацијата Трамп, компаниите на поранешниот претседател Доналд Трамп. Покрај Трамп, обвиненија се покренати и против неговиот долгогодишен главен финансиски директор Ален Веиселберг, пренесува Вашингтон Пост.

Обвинението околу сомнителните финансии на поранешниот претседател, за кое се очекува дека ќе биде објавено денеска попладне по локално време, ќе биде првото по тригодишната истрага на државниот адвокат на Менхетен, Сајрус Венс.

Точното обвинение сеуште не е познато, но Вашингтон Пост пренесува дека ќе биде поврзано со неплаќањено на данок за бонус, односно со бенефициите на менаџерите на Организацијата Трамп.

Интересно е што, како што пренесува Аксиос, обвинителството енергично извршувале притисок на 73 годишниот Веиселберг, кој детално е запознает со финансиите на Организацијата Трамп и од него се бараше да учествува во истрагата. Со други зборови, барале од него да му сврти грб на Доналд Трамп. Денеска се очекува Веиселберг да излезе пред судот.

Трамп и неговото семејство не се осудени во склоп со ова обвинение, но истрагата и понатаму е во тек и може да се создадат нови обвинениа.

Организацијата Трамп е под истрага на Венс уште од 2019-та година откако се дозна дека поранешниот адвокат и советник на Трамп, Мајкл Кохен му се надокнадиле 130 илјади долари. Кохен во меѓувреме беше осуден на три години затвор.

Венс уште во август 2019-та издаде налог за заплена на финансиските документи на Трамп и конечно ги доби во февруари годинава.

Трамп сеуште негира било какво незаконско работење, а во понеделникот објави соопштение во кое уште еднаш ги отфрли новите обвиненија од истрагата како „продолжение на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“.

Против компанија на Трамп може да бидат подигнати криминални обвиненија во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот