ПОДГОТВЕНИ ЗА ОСКАРИТЕ: Екипата на „Медена земја“ спремна да блесне на црвениот тепих

Екипата на „Медена земја“ е подготвена за 92-то доделување на Оскарите, а предмалку споделија и фотографија на Фејсбук. Цел тим е облечен во креации на „Кокев“, а Атиџе блеска во креацијата автентични шалвари.

Главната ѕвезда, медената Атиџе заедно со режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, кинематограферите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, Рана Еид и Благоја Неделковски вечерва ќе се борат за најпрестижната награда во две категории, најдобар документарен филм и најдобар странски филм.

Екипата на Медена земја спремна за црвениот килим / Фото: Фејсбук
Фејми Даут и Самир Љума / Фото: Фејсбук

Со самите две номинации, „Медена земја“ испишува историја како единствен документарен филм кој бил номиниран и во категоријата најдобар интернационален филм на  светско ниво, и е првиот македонски документарен филм кој добил волку внимание од светската јавност некогаш. Воедно, Тамара Котевска испишува историја со тоа што е една од четирите жени режисерки во категоријата најдобар документарец, нешто што не се случило досега во 92-годишната историја на Оскарите. 

Преносот од црвениот килим од пред театарот Долби ќе почне половина час после полноќ, а церемонијата почнува во два часот по полноќ.

Вечерва стискаме палци за нашата медена екипа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот