Поддршката со евтина струја, треба да се види во маркетите

Љупчо Николовски, министер за земјоделство/Фото: МИА

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски не може да ги коментира цените на основните прехранбени производи, но очекува, нивно намалување согласно поддршката за струјата што ја добија компаниите од преработувачката индустрија.

-Не можам да ги коментирам цените, но очекувам нивното намалување по целокупната поддршка за струјата што ја добиваат компаниите од прехранбената индустрија да не е осум или десет проценти. Сите како граѓани очекуваме намалување на цените. Преработувачката индустрија доби дополнителни привилегии во делот на цената на електричната енергија и јас, како и сите граѓани, очекувам дека тоа на крајот ќе се види во маркетите, особено кај основните продукти чии цени граѓаните навистина очекуваат да бидат намалени – рече Николовски.

Според него, „надлежните институции и инспекторати треба да си ја завршат работата, односно да има соодветни контроли“.

– Граѓаните очекуваат што поевтини производи со зголемената поддршка во време на криза, особено кога се во прашање основните прехранбени производи – потенцира министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот