Подарок кој може сѐ да промени: Ќерката на Хари доби специјално роденденско изненадување од кралот Чарлс

Ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, Лилибет Дијана, го прослави својот втор роденден, а по тој повод кралот Чарлс Трети одлучи да и подари посебен подарок.
Иако првиот роденден на Лилибет Дијана беше прославен во Велика Британија, Хари и Меган овојпат одлучија вториот роденден на нивната ќерка да го прослават во Америка, веројатно поради нарушените односи со кралското семејство.
View this post on Instagram
Меѓутоа, покрај тоа, кралот Чарлс, сепак, сака Лилибет да има спомен од него и засекогаш да се сеќава и на кралицата Елизабета Втора.
Наводно, кралот Чарлс „имал своите помошници кои му помогнале да нарача куќичка направена по негова желба, а која е многу слична на онаа што ја имале кралицата Елизабета Втора и принцезата Маргарет кога биле девојчиња“.
Кралицата Елизабета добила куќичка за игра кога имала шест години. Се викала „Малата колиба“ и била „подарок од народот на Велс“. Таа стоела во Кралската ложа во Виндзор.
Потоа била „пренесена на принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис“ и бидејќи Лилибет не живее во Велика Британија и не може да ужива во неа, кралот Чарлс се погрижил и таа да добие таква куќичка во која ќе ужива.
Ова може да биде почеток на помирувањето меѓу завојуваните страни.
Меган и Хари на ручек кај кралицата, конечно ја запознала малата Лилибет