Почнува Сараево филм фестивал: Нема ЦРВЕН ТЕПИХ, ѕвездите ќе одат по БОСАНСКИ КИЛИМ (ВИДЕО)

sff.ba

Сараево филм фестивал почнува во петок, 17 август и ќе трае до 23 август. На овој фестивал, кој е под покровителство на УНЕСКО, се очекува да присуствуваат бројни ѕвезди од светот и од регионот.

На фестивалот ќе има промени во однос на изминатите години.

Наместо црвен тепих, овој пат ќе биде распослан босански килим.

Во киното на отворено ставиле шарени столици.

За својот 25. роденден, фестивалот ќе ја угости француската глумица Изабел Хуперт, на која ќе ѝ биде доделено признанието за исклучителен придонес во филмската уметност и ќе ѝ биде врачено Почесното срце на Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот