Почна судењето: На фудбалерот Дани Алвеш му се заканува затворска казна од 12 години

фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Денеска во Барселона почна судењето на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, обвинет за силување. Алвеш е обвинет за сексуален напад на жена во ноќен клуб во Барселона на 31 декември 2022 година. Тој негира дека сторил какво било кривично дело.

Судењето е закажано да трае до среда. Обвинителите бараат деветгодишна затворска казна за Алвеш доколку биде прогласен за виновен, додека адвокатите на жртвата бараат 12 години зад решетки.

Поранешниот фудбалер на Барселона е во истражен притвор од јануари 2023 година. Неговите барања да биде ослободен со кауција беа одбиени откако судот оцени дека постои опасност од бегство.

Алвеш (40) е еден од најодликуваните играчи во историјата, во кариерата освои 42 титули, од кои три во Лигата на шампиони со Барселона и две во „Копа Америка“ со репрезентацијата на Бразил.

Својот најголем успех го постигна играјќи за Барса, со која освои 23 трофеи од 2008 до 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот