фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Почна електронското плаќање на патарините, продажбата на картички и тагови над очекувањата

Возачите купиле над пет илјади електронски картички и тагови за полесно плаќање патарина на Коридорот 10. Во изминатиов месец, од стартот на електронската наплата, се продаваат до 200 тагови и картички дневно, јавува Алсат М.

Првичниот концепт што го правевме беше со проекција за да се продадат околу пет илјади тагови и картички за еден месец. Бројката од 5.048 тагови и картички за 20 дена е доказ дека реализацијата е малку над нашите очекувања. Мислам дека во иднина граѓаните кои малку повеќе се задржуваат на наплатните станици, кога го гледаат моментот дека корисникот на тагот или на картичката поминува многу побрзо, застануваат и купуваат. Така да, прогресира продажбата од ден на ден“, изјави Марко Брезоски – ЈП за државни патишта.

Таговите кои се монтираат во возилото повеќе ги користат компаниите. Сензорот уште од подалеку го регистрира, рампата се крева, а возилото поминува без никакво задржување, само со намалена брзина до 25 километри на час. Картичка пак повеќе користат физички лица. Со неа може да се помине на било која од рампите, дури и кога нема наплаќач затоа што системот е независен. Картичките чинат 100 денари и се надополнуваат со минимум 300 денари. Таговите, пак, чинат 1.200 денари и исто се надополнуваат.

Картичките и таговите се купуваат на наплатните станици на Коридор 10 и во Контролниот центар во Петровец, а може да се надополнат и на веб -страницата на Јавното претпријатие за државни патишта.

И додека на коридорот 10 возачите имаат можност да си возат без задржувања за да платат патарина, таква можност нема на патарините кон Тетово и Гостивар, бидејќи таму се уште не постои техничка можност за електронска наплата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот