Избирачки список / Фото: МИА / 2021 / илустрација

Почината жена се нашла на советничка листа за Град Скопје, ДИК го известува Обвинителството

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално единство на Турците, била предложена почината жена, со име и презиме Бејњеза Лутвиовска. Тие ја поништија потврдената листа предложена од политичкиот субјект.

„На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Тој додаде дека Комисијата донела одлука писмено да го извести Јавното обвинителство, кое треба да ги провери податоците и, доколку утврди основа, да покрене соодветни постапки.

„ДИК ќе ги достави сите документи до Обвинителството, согласно законските надлежности,“ посочи Кондарко.

Членот на ДИК, Александар Даштевски, потсети дека вакви случаи се случиле и претходно, наведувајќи дека и минатата година Работничката партија предложила починато лице на кандидатска листа.

„Тогаш ја отфрливме листата и документите беа предадени на Обвинителството, кое отвори кривична постапка. Таква постапка е предвидена и за вакви случаи,“ изјави Даштевски.

Случајот предизвика внимание во јавноста како нов пример за неажурност и пропусти при поднесување изборни листи, особено во период кога институциите апелираат за почитување на изборните процедури и законската транспарентност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот