Почина Вероника Форке, ѕвездата на комедијата на Педро Алмодовар, „Кика“

Вероника Форке
EPA-EFE/Jero Morales

Познатата оскаровка и главната улога во филмот на Педро Алмодовар „Кика“, Вероника Форке, пронајдена е мртва во својот дом, откако си го одзела животот – соопшти шпанската полиција.

Форке пред две недели наполни 66 години, а беше една од најпознатите актерки во Шпанија во осумдесетите и деведесетите години, кога беше дел од многу комедии.

Kika/Printscreen/Тwitter
Kika/Printscreen/Тwitter

„Таа извршила самоубиство во нејзиниот дом“ – изјавил портпаролот на полицијата без дополнителни детали.

Вероника Форке публиката ја запозна во улогата како „Кика“, во 1993та. Овој филм на Педро Алмодовар ја закити со награда за најдобра актерка во 1994 година на Гоја наградите, едни од најреномираните во Шпанија. Освен во овој филм, таа играше и во „Матадор“ и „Што направив за да го заслужам ова“, и двата режирани од Алмодовар.

На твитер познатите и нејзините пријатели, но и многу фанови напишаа тажни посвети, а еден од нив е и познатиот актер Антонио Бандерас.

Тој напиша на својот профил:

„Збогум Вероника Форке…. Работев со неа пред многу години и во моето сеќавање таа е слатка, духовна жена и прекрасна пријателка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот