Почина Тео Богоевски, владин советник за лицата со попреченост

Фото: Фејсбук/Васко Кичевски

Почина Теодор Богоевски, советник на премиерот Димитар Ковачевски за лица со попреченост.

Веста за смртта ја објавија секретарот за јавни политики на Владата, Васко Кичевски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска кои преку Фејсбук се простија од него.

„Драг Тео, еднаквите можности за кои се боревме ќе останат аманет за секој од нас. Ти ни ја даде најголемата можност ,да си наш другар, пријател, соборец.Човек со најголема желба за животот и предизвиците кои ги носи. Ќе недостасуваш многу“, напиша Лукаревска.

 

Од него со емотивни зборови се прости и секретарот за јавни политики на Владата, Васко Кичевски.

„Со тага и неверување ја примив веста дека не напушти нашиот другар и колега Тео Богоевски. Ти благодариме за твојата долгогодишна заложба и значителен придонес во креирањето политики за интегрирање на лицата со посебни потреби во општеството. Ќе те памтиме како голем борец. Искрено сочувство до семејството и пријателите“, напиша тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот