Почина славната модна дизајнерка Мирјана Мариќ: Ја облекуваше Јованка Броз и ја воведе високата мода во Југославија

мирјана мариќ
Фото: Принтскрин / Youtube

Познатата модна дизајнерка Мирјана Мариќ почина денеска во Белград на 84-годишна возраст.

Мирјана Мариќ ја воведе високата мода во Југославија и со своите модели го маѓепса светот.

– Историјата на модата и модните дизајнери на Југославија започна со потписот на Мирјана Мариќ, а нејзините креации со воодушевување ги носеа првата дама на Југославија Јованка Броз, „амазонките“ на Гадафи, данската принцеза, белгиските принцези, претставници на дипломатскиот кор, сопруги на многубројни државници кои во седумдесеттите и осумдесеттите години доаѓаа во Белград – потсетуваат пријателите блиски до семејството.

Родена е на 22.05.1938 година во Кравље во близина на Ниш, а од 1948 година живееше со своето семејство во Белград.

Дипломирала во 1960 година на Академијата за применета уметност, отсек за текстил, а потоа и магистрирала текстил и современ костум на Уметничкото училиште во Манчестер.

Во 1968 година, таа добила статус на хонорарен уметник и се вработила во „Југоекспорт“, убедувајќи го раководството на компанијата дека мора да започне со производство, а неколку години подоцна започнала да работи во работилницата за висока мода.

Последните 35 години живеела на релација Србија-Америка.

Мирјана била во брак д-р Михајло Мариќ, основач на Службата за општествено сметководство на поранешна Југославија (СДК), кој починал во 1992 година.

Таа беше и остана синоним за квалитетната мода во СФРЈ, а дизајнерските парчиња на Мирјана Мариќ се изработени во ограничени серии од 100 до 150 парчиња. Организираше повеќе од 70 модни ревии ширум светот, додека нејзиниот бренд „Три М“ и моделите од кожа добија бројни домашни и светски награди.  Специјално признание за нејзината креативна работа доби во 1975 и 1976 година, кога Пјер Карден ја покани во Франција, организирајќи модни ревии со нејзините модели – изјавиле нејзините пријатели.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот