Саманта Егар - Фото: Икс

ФОТО | Почина славната актерка Саманта Егар: Тажната вест ја потврди нејзината ќерка

Ѕвездата на филмовите „Колекционерот“ и „Потомство“ на Дејвид Кроненберг, Саманта Егар, почина на 86-годишна возраст.

Актерката Саманта Егер, позната и по улогите во филмовите „Доктор Дулитл“, „Херкулес“ (во продукција на Дизни) и во една епизода од „Ѕвездени патеки: Следната генерација“, почина во средата, потврди нејзината ќерка Џена Стерн.

Причината за смртта не е веднаш соопштена.

„Мајка ми почина во среда вечерта“, напиша Стерн на Инстаграм.

„Мирно и тивко, опкружена со семејството. Бев покрај неа … ја држев за рака и ѝ кажував колку е сакана. Тоа беше убаво. Привилегија.“

Еден од нејзините долгогодишни пријатели и агенти напиша:

„Многу сум тажен поради веста дека мојата пријателка и клиентка Саманта Егер почина. Таа беше брилијантна, неверојатно смешна и неверојатно талентирана. Ќе ми недостигаат нашите појадоци, нејзините приказни, нејзината љубов кон уметноста и луѓето, нејзиниот спектакуларен смеа. Почивај во мир, драга пријателке.“

Живот и кариера

Родена како Викторија Луиз Саманта Мари Елизабет Тереза Егер во Лондон, 1939 година, Саманта првично ја одбила стипендијата за Кралската академија за драмска уметност за да студира моден дизајн. Подоцна се запишала на Академијата за драмска уметност Вебер Даглас, а кариерата ја започнала на театарската сцена со претстави како „Сон на летна ноќ“ и „Пејзаж со фигури“.

Нејзиниот филмски деби беше во „Д-р Крипен“ (1962), каде глумеше заедно со Доналд Плезенс. Потоа следеа ТВ-улоги во серии како „Светецот“ и „Призрачна единица“, пред целосно да се посвети на филмот.

Најголем успех постигна со филмот „Колекционерот“ (1965) на режисерот Вилијам Вајлер во кој ја глумеше уметницата која е киднапирана од ментално растроен млад човек. За оваа улога, беше номинирана за Оскар за најдобра актерка, ја освои наградата за најдобра актерка на Канскиот филмски фестивал, и Златен глобус за најдобра актерка во драма.

Следната година глумеше во „Оди, не трчај“, последниот филм на легендарниот Кери Грант пред да се пензионира.

Една од нејзините најпознати улоги беше во „Доктор Дулитл“ (1967), каде го глумеше ликот на Ема, придружничката на ветеринарот Рекс Харисон. Иако филмот не беше успешен на благајните, доби 8 номинации за Оскар и ја освои наградата за најдобра оригинална песна – „Talk to the Animals“.

Зад себе ги остави своите деца, ќерката Џена Стерн и синот Николас Стерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот