Почина синот на Родни од „Сплетки“: Сѐ уште не се познати причините за смртта на 19-годишниот тинејџер

Instagram

Арчи Линдхурст, син на глумецот Николас Лидхурст, кој го глумеше ликот на Родни во серијата „Сплетки“, почина на 20-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.

Го пронашле во неговата куќа во западен Лондон, а истрагата за смртта би требало да започне следната недела. Засега неговата смрт не се смета за сомнителна.

Кога полицијата и болничарите стигнале, го прогласиле Арчи за мртов, но неговата смрт ја опишале како необјаснива.

Instagram

Тинејџерот глумел од неговата десетта година. Се појавил во хит-шоуто ‘So Awkward’ и во серијата Bad Education’ пред шест години.

Instagram

Бил во врска со глумицата Нетра Тилакумара.

Од починатиот глумец се прости неговиот колега и пријател Смол.

Уште не можам да верувам дека те нема. Целиот живот те чекаше, би дал сѐ да можеш да продолжиш да живееш. Срцето ме боли, би сакал само уште еднаш да можам да разговарам со тебе. Секогаш ќе се гордеам со тебе“, рекол Смол.

Сплетки/Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот