Почина Сашо Лазаров, човек кој беше синоним за кошаркарскиот спорт во Кочани

сашо лазаров
„Чапо“ беше дел од Деликатес во најславните денови на клубот од Кочани/Фото: kfsm.mk

Долги години „Чапо“ беше дел од екипата на Кочани Деликатес, од најславните денови на клубот од Кочани кој беше на врвот на македонската кошарка.

Македонската кошарка денеска остана без уште едно познато име. Нè напушти Сашо Лазаров, човекот кој беше синоним за кошаркарскиот спорт во Кочани.

Кочани Деликатес беше двапати финалист во македонската кошаркарска лига во сезоните 1993/1994 и 1994/1995.

Смртта го затекна Сашо Лазаров како основач и предводник на КК „Дино Баскет“, клубот кој во иднина ќе го води токму неговиот наследник – Дино.

Пред неколку дена беше објавено дека нè напушти уште една кошаркарска легенда, Бранко Кацарски, беше член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички – Скопје.

Најдоброто во мак баскетот за 2021 година: Лаурети се Магдевски и Митрашиновиќ 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот