Почина првата трансродова пратеничка во светот

Георгина Бејер/ Фото Јутуб принтскрин

Георгина Бејер од Нов Зеланд, првата трансродова пратеничка во светот и неуморна застапничка за правата на ЛГБТИ заедницата, почина на 65-годишна возраст. Таа долго време се борела со бубрежна болест, но причината за нејзината смрт не е наведена во соопштението.

Поранешната сексуална работничка и актерка, Бејер била избрана во националниот парламент во 1999 година, откако неколку години била градоначалничка на Картертон, рурален град на Северниот остров во Нов Зеланд. Таа била пратеничка на Лабуристичката партија до 2007 година.

Поради нејзиното застапување за ЛГБТИ заедницата, кралицата Елизабета ја назначи за член на Новозеландскиот Орден за заслуги во 2020 година. Таа е позната по нејзината работа за легализација на граѓанските заедници и геј браковите и декриминализацијата на проституцијата.

Говорејќи во парламентот во 2003 година за прашањето за реформирање на законите за проституција, таа рече: „Го поддржувам овој предлог-закон поради сите сексуални работнички што ги познавав кои умреа пред да наполнат 20 години поради нечовечноста и лицемерието на општеството кое никогаш не им даде шанса да откупуваат себеси од околностите што ги турнаа во таа индустрија“.

Од маорско потекло, таа повторно се кандидирала за пратеник за поранешната партија Мана, но без успех.

Нејзиниот бубрег бил трансплантиран во 2017 година, по четири години на крајна фаза на бубрежна инсуфициенција, што ја принудил да оди на дијализа секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот