Почина Предраг Живковиќ Тозовац

Instagram
Instagram

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85-годишна возраст.

Тозовац се лекувал од коронавирус последните неколку недели, а веста дека починал за „Блиц“ ја потврдил неговиот кум.

„За жал, тој не издржа, овој ковид целосно го уништи“, изјавил тој.

Да потсетиме, Предраг Живковиќ Тозовац беше примен во болницата „Драгиша Мишовиќ“ на почетокот на месецот како последица на коронавирусот.

Пејачот беше примен со пневмонија и беше приклучен на кислородна поддршка заради претпазливост. Непосредно пред да се зарази ја примил и втората доза од кинеската вакцина, поради што немал тешки симптоми.

По болничкото лекување медиумите соопштија дека се чувствувал подобро, по што пејачот бил пуштен на домашна нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот