Почина поранешниот басист на AC/DC: Рокенрол младоста скапо го чинеше

Поранешниот басист на групата AC/DC, Пол Метерс, починал на 14 октомври, наведуваат странските медиуми, а сега информацијата ја потврдија и неговите пријатели.

Веста за смртта на Пол ја потврди и неговиот поранешен близок пријател Род Вескомб, како и биографот на AC/DC Џеси Финк, автор на книгата „Бон: Последниот автопат“.

– Секогаш можеше да ме насмее. Го загубивме контактот кога се отсели, како и многу други луѓе. Како што слушнав, тој живеел повлечено, бидејќи неговото здравје било нарушено по рокенрол стилот на живот во младоста, напиша Род.

Former AC/DC bassist Paul Matters has died. The news of his passing was revealed by his friend Rod Wescombe as well as AC/DC biographer Jesse Fink, author of the book "Bon: The Last Highway"

Publiée par H Mohamed Studios sur Jeudi 15 octobre 2020

Пол Метерс на групата AC/DC и се придружи во 1975 година, по снимањето на дебитантскиот албум на бендот „High Voltage”. Неколку недели подоцна го отпушти пејачот на AC/DC, Бон Скот, а го замени Марк Еванс.

Пред да им се придружи на AC/DC, Метерс свиреше бас во бендот „Armaggedon“ од Њјукасл.
Сепак, го напушти во 1974 година, поради како што изјави „музичките разлики“.

Подоцна беше отпуштен и од AC/DC бидејќи „Не одговарал на вредностите на олигархијата Young. Премногу убав за почеток. Не се вклопувал многу, имал свое мислење и енергија и го свирел само тоа што му се допаѓало“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот